Ирска нема да тестира вакцинирани патници

Од денеска стапува на сила одлука со која Ирска повеќе нема да бара од вакцинираните патници кои доаѓаат во земјата да покажат негативен тест за Ковид-19, изјави во средата премиерот Мајкл Мартин.

Невакцинираните патници сепак ќе треба да покажат негативен ПЦР тест направен не повеќе од 72 часа пред пристигнувањето.

Минатиот месец Ирска воведе задолжително тестирање за секој кој пристигнува во земјата, за да го забави ширењето на омикрон.

Од минатиот месецм исто така, затворени се сите ноќни клубови, а власта нареди пабовите и рестораните да се затворат во 20 часот.