Граѓаните ќе може да гласаат и со истечени лични документи, но само во овој случај

Во согласност со одредбата од измените на Изборниот законик избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со пасош чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите, информираа денеска од Државната изборна комисија.

Тоа значи дека на претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните на кои им истекле личните документи од 24.7.2023.

На парламентарните избори ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на законот или по рок на важност им истекле личните документи од 8.8.2023 година до денот на изборите, информираа од ДИК.