Во ДИК денеска ждрепка за утврдување на редоследот на претседателски кандидати

Државната изборна комисија денеска ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 13:30 часот во големата сала на 4 кат во Државната изборна комисија.

- На 25 март 2024 година ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за Изборите за Претседател на Република Северна Македонија, со почеток во 13.30 часот во големата сала на Државната изборна комисија (4- ти кат), информираа од ДИК.