ДИК на седница треба да ги потврди кандидатурите за избор на претседател на државата

Државната изборна комисија (ДИК) се очекува денеска да одржи седница на која треба да ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април.

Кандидатури поднесоа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска – Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од коалицијата „Вреди“.

Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидати, ДИК ќе ја одржи најдоцна на 28 март.

На партиите им остануваат 14 дена до почетокот на кампањата за претседателските избори, а течат и роковите за подготвување на листите за пратеници.

Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК, најдоцна до полноќ на 2 април.