Од Општина Карпош известуваат дека градинката ,,Виножито“ на ул. Новопроектирана Собирна улица, бр.13 во населбата Бардовци, се подготвува за отпочнување со работа. Од тие причини во тек е прием на деца.
Родителите можат да ги добијат сите информации во ЈОУДГ ,,Распеана Младост“ (матичен објект) на ул. ,,Руѓер Бошковиќ, бр.6“ во населбата Карпош 1 од 08:00 до 15:00 часот.
Исто така, информациите ќе ги добијат и во новиот објект ,,Виножито“ во Бардовци, секој работен ден од понеделник до петок од 08:00 до 12:00 часот.