Новата детска градинка во Бутел 1 ќе започне со работа во Септември, наскоро започнува изградба на уште една во Бутел 2

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објави дека изградбата на градинката во Бутел 1 е во завршна фаза и за неколку месеци ќе биде пуштена во употреба, а наскоро ќе започне да се гради и нова градинка во Бутел 2

- “Денес заедно со министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски ја посетивме детската градинка која е во завршна фаза и се наоѓа во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”. Вкупната површина на детската градинка изнесува околу 950 м2 во првата фаза а втората фаза опфаќа 200 м2. Вкупната инвестиција изнесува 35.000.000 денари средства обезбедени од ТАВ програмата.  Капацитетот на градинката ќе биде за 120 деца а целиот објект ќе биде едно ново модерно здание кое ќе ги задоволи сите потреби на малите деца“, напиша Костовски