Град Скопје ќе ја санира дупката на мостот кон Драчево

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминатата ноќ поставија светлосна сообраќајна опрема и ја обезбедија големата дупка која се појави на мостот кај Маркова река пред скопската населба Драчево, информираат од Град Скопје. 

-Инспектор за сообраќај има извршено увид и констатираше оштетување, а пријавата беше проследена во најкус можен рок, со цел екипите на Улици и патишта да можат денеска навремено да ја обезбедат истата. Како итно решение на местото на оштетувањето, во асфалтот ќе се интервенира со поставуање на две челични плочи со должина од три метри и широчина од два метри како привремено решение, а во наредните денови во согласност со увидот од стручните лица ќе се работи на изнаоѓање на конечно решение и санација на овој мост кој е стар повеќе од 40 години, појаснуваат од Град Скопје. 

Градот Скопје апелира да се избегне движење на тешки товарни возила, со цел да се избегнат дополнителни оштетувања, со цел да не се предизвика поголема опасност за безбедноста на возилата и граѓаните кои поминуваат на овој потег. ...