Саниран мостот на Маркова Река во населбата Драчево

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера заврши санацијата на мостот на Маркова Река во населбата Драчево од страна на институциите на Град Скопје, со главен носител на активностите ЈП „Улица и Патишта“ во координација и со други институции.

Конкретно, како што велат од таму, вчера после пладне, по околу 13.00 часот, целосно е пуштен сообраќајот, во двете насоки на патот, бидејќи поради градежните работи беше затворен сообраќајот преку мостот се до завршување на санацијата.

-Практично, како што ги известивме граѓаните – возачите имаа две времени решенија да се движат додека траеше санацијата: едно – преку населеното место Горно Лисиче и второ – преку наеленото место Батинци, се разбира, во соработка со институците ангажирани за санација на мостот. За време на викендов се реализираше проектот за целосно санирање на оштетувањето на армирано бетонската плоча, со брзоврзувачки материјали на цементна основа, информираа од ЦУК. 

Додаваат дека тие материјали и постапка, овозможуваат поставување на асфалтот за само 16 часа после реконструкцијата на коловозната армирано бетонската плоча. 

Истовремено, ЦУК се заблагодари за брзата реакција на службите на Градот Скопје и ЈП „Улици и Патишта“ за реализацијата на санацијата на мостот во предвидените рокови.