Готвена храна за гладните на три пункта во Скопје

Хуманитарната организација „Свети Спас“ од денеска повторно продолжува со акцијата Скопје Без Глад, Македонија Без Глад.

-Кујната во Храм св. Петар и Павле ја прикрпивме со позајмена опрема, но во скоро време, од нашите поддржувачи, ќе добиеме лично наша опрема за готвење и кујната почнува да функционира. Нашите пунктови во Драчево, Аеродром и Ѓорче Петров  продолжуваат со делење на готвена храна во истото време, на истото место:

Храм Свети Спас - Драчево од 13.00 часот до 13.30 часот;

Храм Свети Николај - Аеродром од 14.00 часот до 14.30 часот;

Храм Свети ап. Петар и Павле - Ѓорче Петров од 15.00 часот до 15.30 часот.

Во моментов ја разгледуваме можноста за отварање на пункт во храмот Свети ап. Петар и Павле во Горно Лисиче кои нѝ дадоа огромна поддршка и нѝ помогнаа со отстапување на кујна, велат од добротворната организација кои се добитници на наградата „13 ноември' од Град Скопје. 

-Ова признание го посветуваме на оние кои се постојано вклучени во нашата борба против гладот и сиромаштијата во Македонија, порачаа од организацијата.