„Свети Спас“ организира хуманитарна акција - Денеска пунктови ќе бидат поставени пред голем број маркети во Скопје

По повод, 16 октомври – Светскиот ден против гладта, хуманитарна организација „Свети Спас“ денеска, под мотото „Заедно против гладот“, започнува акција за собирање храна и хигиенски средства.

– Целта на акцијата е да собереме храна и хигиенски средства кои ќе ги поделиме на оние на кои тие им се најпотребни – потенцираат од хуманитарната организација „Свети Спас“. За таа цел, низ Скопје ќе бидат поставени 11 собирни пунктови пред маркети во Аеродром, Драчево, Тафталиџе, Ѓорче Петров, Стајковци, Илинден и Бутел, како и во магацинот на хуманитарната организација.

Од хуманитарната организација „Свети Спас“ ги повикуваат сите поединци и фирми да земат учество и заедно против гладта да купат храна и да донираат на некој од 11 пунктови, со цел сите да помогнат во искоренувањето на гладот во Македонија и да станат учесници во борбата која секојдневно станува се понерамномерна.

Каде може да се донира погледнете на следниот линк