Ѓумбир и лимон -  најздрава комбинација за ефикасно слабеење

Оваа комбинација е одлична за намалување на килограмите.

Ѓумбирот е корен со интересен вкус кој ги намалува воспаленијата, го регулира нивото на кортизол (хормонот на стресот), го јакне имунитетот, но и го поттикнува редовното празнење на цревата. 

Лимонот од друга страна е богат со витамин Ц и природни влакна кои го намалуваат апетитот. Ваквата комбинација е одлична бидејќи се намалуваат маснотиите на стомакот  и колковите, но и состојките помагаат храната побрзо да се вари. 

Кога редовно пиете вода со лимон и ѓумбир се подобрува метаболизмот и ова е една од наједноставните навики за намалување на телесната тежина. Освен тоа, нутриционистите предлагаат и чај од ѓумбир и лимон кој помага и во намалување на воспаленијата, подобрување на имунитетот и намалување на мачнините.