Земи ја насмевката и подари му ја на оној кој никогаш ја немал.
Земи еден зрак сонце и испрати го онаму каде што има ноќ.
Откриј го изворот и измиј го оној кој живее во кал.
Земи една солза и стави ја на лицето на оној кој никогаш не плачел.
Земи ја храброста и стави ја во душата на оној кој не се осмелува да се бори.
Откриј го животот и зборувај за него на оној кој не може да го разбере.
Земи ја надежта и живеј во нејзината светлина.
Земи ја добрината и подари му ја на оној кој не знае да дарува.
Откриј ја љубовта и покажи му ја на целиот свет...