Пет животни принципи на Махатма Ганди

 

Махатма Ганди верувал дека мирот е секогаш над сè. Тој рекол: „Нема пат до мирот. Мирот е патот“. Една од неговите често цитирани изреки покажува колку ни е потребен мир:  „Со паролата „око за око“, целиот свет ќе заврши слеп“. Тој остави многу животни лекции и пораки кои сепак можат да нè мотивираат да го најдеме вистинскиот пат – еве ги петте најважни:

1. Моќта на промените

„Вие мора да бидете промената што сакате да ја видите во светот.“

Ако сакаме промени, мора да бидеме пример за тоа како се постигнуваат промени. Ако успеете, луѓето ќе ве следат. Секој може секого да обвини за својот неуспех. Секој може да се жали, но само малкумина можат да го видат проблемот во себе и да почнат да се менуваат.

2. Поставувајте ги вистинските прашања

„Моќта на прашањата е во тоа што токму тие се во срцето на човечкиот напредок.“

Поставувајте ги вистинските прашања на вистинските луѓе. Квалитетот на животот е директно поврзан со квалитетот на поставените прашања. Не можете да ги добиете одговорите што ги сакате без да поставувате прашања. Не можете да напредувате без љубопитен и активен ум.

3. Секогаш преземајте дејства

„Преземете некакво дејство, да видиме што ќе се случи. Можете да поделите еден голем план на неколку мали чекори и веднаш да го направите првиот чекор.“

Секој момент носи можност да се направи првиот чекор во посакуваната насока. Не мора да менувате сè од корен, но ако ја поделите вашата голема цел на неколку помали, можете секој ден да го гледате вашиот напредок. Не ги одложувајте плановите и желбите за утре, бидејќи никогаш не знаеме дали тоа „утре“ воопшто ќе дојде.

4. Простувајте

„Слабите не можат да простат. Простувањето е карактеристика на силните“.

Само затоа што човек брзо простува не значи дека е слаб. Напротив, тоа е знак на неговата духовна моќ. Само слабите не можат да простат и задржуваат огорченост, гнев или завист - негативни емоции кои ги гризат одвнатре, што ги прави уште послаби.

5. Внимавајте на вашите верувања

„Вашите верувања стануваат ваши мисли. Вашите мисли стануваат ваши зборови. Вашите зборови ќе станат ваши дела. Вашите постапки ќе станат ваши навики. Вашите навики стануваат ваши вредности. Вашите вредности ќе станат ваша судбина“.

Во што верувате вие? Како се гледате себеси и вашата иднина? Дали верувате во вашиот потенцијал? Секогаш кога се сомневате, запомнете ја оваа изрека. Следете ги вашите мисли, верувајте во вашиот успех и сигурно ќе успеете. Можеби нема веднаш да го достигнете успехот, но бидете упорни и трпеливи, а среќата сигурно ќе биде на ваша страна.