ФОТОВЕСТ: Булеварот "Гоце Делчев" целосно пуштен за сообраќај

Булеварот "Гоце Делчев" од петокот е слободен за сообраќај по целата своја должина во двете насоки.

Од минатата година откако започна изградбата на плоштад Скендербег по овој дел од булеварот се возеше со посебен режим на сообраќај. Прво беше затворена едната траса, па се возеше само на едната страна, а потоа обратно. Во овој дел булеварот стана подземна сообраќајница.

Инаку булеварот "Гоце Делчев" важи за една од најфреквентните сообраќајници во центарот на градот. Официјално, пак кога ќе се пушти во употреба плоштадот Скендербег се уште нема најави од Општина Чаир. Градежните активности и таму се при крај.

Фото: Д. Митрески/Вечер