Фајзер очекуваат огромни приходи од вакцините и лекот против ковид-19

Американската фармацевтска компанија Фајзер предвидува рекордно високи приходи за 2022 година. Компанијата во вторникот објави дека очекува да генерира продажба од својата вакцина против Ковид-19 за 32 милијарди долари и нејзините антивирусни таблети за лекување на коронавирус Paxlovid за 22 милијарди долари оваа година година, објави CNBC.

Секако, вакцината против ковид-19 и новиот лек не се единствените производи кои оваа голема компанија ги има во своето портфолио. Всушност, тие остваруваат голем профит и од другиот спекар на понудата, а нивни лекови се користат и во клинички лекувања на други болести.