Лекот на Фајзер против ковид ќе пристигне и кај нас

 

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19, но се уште единствен начин за излез од пандемијата и укинување на превентивните како носење маски, дезинфекција и дистанца, е зголемување на процентот на имунизација на населението. 

Според министерот за здравство Беким Сали, иако сме во преговори со „Фајзер“ не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка, изјави вечерва Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.