„Фајзер“ или „Модерна“ како трета доза најрано може да се даде 28 дена по втората доза

Додатна доза вакцина против корона вирус од производителот „Фајзер“ или „Модерна“ може да им се да даде на луѓе со силно ослабнат имунитет најмалку 28 дена по примањето на втората доза, сметаат од Европската медицинска агенција ЕМА.

Оттаму проценуваат дека важно е да се разликува додатната доза за лица со ослабен имунолошки систем и засилена доза за лица со нормален имунолошки систем, т.н. бустер доза.

ЕМА проценува дека според податоците на Фајзер пораст на нивото на антитела кога се се дава бустер доза има шест месеци по примањето на втората доза, а ова се однесува на лица од 18 – 65 години.

Експертите велат дека на национално ниво може да се издаваат официјални препораки за употреба на бустер доза кај поедини случаи, предупредуваји дека треба внимателно да се следи ризикот од инфламаторни срцеви заболувања или други ретки нус појави кои може да ги предизвика бустер дозата.