Џаму: Еликсир богат со антиоксиданти кој успешно помага против воспаленијата

Станува збор за традицонален индонезиски пијалок кој гарантира добро здравје и благосостојба.

Потребни состојки:

4 лажици куркума во прав

½ шолја свеж ѓумбир, излупен и исечкан

4 чаши вода

½ чаша мед

¼ чаша свежо исцеден сок од 2-3 лимони

Начин на подготовка:

Додадете куркума, ѓумбир и вода во блендер. Мешајте додека состојките не се изедначат. Истурете ја смесата во тенџере и варете на средна топлина. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината за пијалокот да се крчка нежно околу 15 минути. Тргнете го тенџерето од оган, па напитокот зачинете го со мед и сок од лимета. Промешајте и процедете низ сито. Истурете во тегла и чувајте го во фрижидер. Напитокот можете да го пиете топол, на собна температура или разладен со коцки мраз.