Драма во ОУ “Владо Тасевски“: расечен седмоодленец од негов соученик

Вистинска драма се случувала во основното училиште “Владо Тасевски пренесува “Курир“.Наместо безгрижна детска игра едно од децата решило да се пресмета со свој соученик од седмо одделение нанесувајќи му повреда која ескалирала со шиење на детето во болница. Овој случај беше забележан и во билтенот на МВР.  

- „На 26.12.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, Д.М.(38) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов малолетен соученик, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението од полицијата.

Мајката во изјава за “Курир“ кажува дека додека траел големиот одмор едно од децата почнало да фрла со парчиња мраз насобрани во дворот кон другите деца.Откако бил опеменат од друго дете да не го прави тоа тој со чистач за мраз замавнал кон него при што го расекол на лицето.

- „Децата си играле за време на големиот одмор, а проблематичниот соученик на мојот син започал да мава со парчиња мраз кон него (мразот бил направен од остатоци од вода насобрани низ школскиот двор), потоа мојот син му апелирај да не го прави тоа, па во меѓусебна турканица, проблематичното дете го исекло соученикот со пластичен чистач за мраз за стаклата на автомобилите. Како и од каде тој предмев во него во училишниот ранец засега останува мистерија“, вели мајката за “Курир“

Таа вели дека двете деца учат од градинка заедно и дека на сите им е познат профилот на проблематичното дете кое досега ниту еднаш не е санкционирано иако има поплаки од многу родители.

- „Мене ме извести класната раководителка, а во училиштето ме пречека со обезбедувањето кое редовно го плаќаме за да ги заштитува нашите деца. Директорката не била известена за настанот и дури денес по 24 часа поминати утрово дознала, ова го тврдам по нејзините одговори и однесување кон мене. Ова е голема неодговорност, со овој ученик сите деца имаат проблем, сите родители се жалат, но бидејќи ова била прва писмена опомена (останатите биле само усмени) немало да се реагира ми потврди директорката“, вели револтираната мајка.

Во изјава за Курир видно потресена вели и дека денес го расекол нејзиното дете, но утре може да настане и поголема трагедија и да убие дете, а одговорност училиштето не планира да преземе.

- „Раната на моето дете е сериозна и длабока, хирургот ми се обрати со зборовите: „еден милиметар бил пресуден за да му се деформиса целото лице“. Моето дете е шиено со три конци, а училиштето крева раменици и не сака да реагира во оваа ситуација. Мајката на проблематичното дете вели дека нејзиниот син две години посетувал психолог, но засега немало резултати. Моето дете ќе има лузна за целиот живот, за преживеаниот стрес да не збориме, а училиштето се чувствува како одговорноста да не е во нивни раце. Дете кое нема наполнето 14 години не подлежи на Закон во нашата земја, не сакам да помислам што може да се случи во иднина (алудирајќи на случајот во соседна Србија и малиот Коста), вели мајката.