Ученичка во основно училиште во Стајковци нападната од соученик

Според полицискиот билтен, инцидент се случил вчера вечер во скопско село, откако малолетник физички нападнал друга малолетничка.

- Вчера вечер во 20.30 часот во СВР Скопје, 36-годишната Х.М. од Скопје пријавила дека околу 15.15 часот во основно училиште во село Стајковци, скопско, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој употребил и тврд предмет, извести МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.