На сред настава малолетник нападнал соученичка со тврд предмет

Денеска во 08.00 часот во СВР Скопје, Г.Т.И.(36) од Скопје пријавила дека на 02.02.2024 околу 09.30 часот во училница од основно училиште на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој употребил и тврд предмет.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.