Драчевчани ќе добијат современ простор за културно дружење и забава

Жителите на село Драчево наместо руинираното кино ќе добијат комплетно реконструиран објект што ќе биде дом на култура. Градежно-занаетчиските работи веќе се во тек и штом ќе завршат, новиот дом ќе нуди многубројни нови содржини. 

На приземјето на објектот кое се протега на 690 квадрати и на катот со површина од 460 квадратни метри ќе има повеќенаменска сала со бина и техничка просторија, гардероби, канцеларии за месна заедница, канцеларија за матичар, сала за венчавки и архива, снек-бар, тоалети... Во рамките на дворот е предвидена изведба на летна сцена со трибини и партерно уредување. 

Изградбата на новиот објект на местото на стариот кој датираше од 1946 година ќе им понуди на жителите на селото Драчево современ простор за културно дружење и забава.