Домашен џем од боровинки и капини

Потребно е да се потрудите повеќе околу подготовката, за да можете да уживате во необичниот вкус и привлечната боја на овој деликатес. 

Состојки:

500 гр боровинки
500 гр капини
50 мл оцет балсамико
500 гр шеќер
25 гр желатин

Подготовка:

Капините изблендирајте ги и исцедете од семки. Во еден сад ставете ја оваа смеса заедно со целите боровинки и балсамико оцетот. Желатинот растопете го во 50 мл вода, па измешајте го со две лажици шеќер. 

Кога ќе се загрее смесата (на тивок оган), ставете го преостанатиот шеќер и засилете ја температурата. Откако добро ќе зоврие, мешајте уште три минути и веднаш ставајте го добиениот топол џем во загреани тегли и затворете.