Делегација од МЗ утре ќе ја пречека пратката вакцини на Меѓународниот аеродром Скопје

Делегација на Министерството за здравство и претставници од неколку организации ќе ја пречекаат пратката вакцини која треба да пристигне утре на аеродромот во Скопје. 

Од Министерството известуваат и дека настанот ќе има и медиумска покриеност. 

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и делегација во која ќе бидат членови на дипломатскиот кор во РСМ, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН, утре (28.03.2021) на меѓународниот Аеродром во Скопје ќе ја пречекаат првата пратка на вакцини против Ковид 19 кои треба да пристигнат во државата преку Ковакс механизмот.

Се очекува пратката да пристигне во 07:55, а веднаш по пристигнувањето предвидени се кратки обраќања на присутните пред медиумите.