Забава на раскрсниците во Аеродром - жонглер им мами насмевки на возачите

Веќе неколку денови чекањето на црвено светло на семафорите во скопски Аеродром е различно од чекањето на сите останати семафори. Кога ќе светне црвеното светло на пешачкиот премин излегува жонглер кој со широко насмеано лице, од рака в рака, едновремено, префрла пет жонглерски палки. Пред да светне зелено се повлекува, а возачите го поздравуваат, му испраќаат бакнежи, а не се ретки и таквите кои му даваат пари.

Момчето, по кусиот настап, ненаметливо се повлекува и не им бара пари на возачите, како многумина други кои го користат моментот додека возачите чекаат да светне зелено.

Вчера беше на булеварот Трета македонска бригада.

Кога ќе светне зелено светло, тој се повлекува на паркингот покрај семафорите и таму жонглира. Оди на други крстосници во населбата Аеродром и секаде им измамува насмевки на возачите.