Муцунски: Аеродром за Леонид - таму каде државата е нефункционална, тука сме ние!

- Аеродром за Леонид – таму каде државата е нефункционална, тука сме ние - општината и граѓаните, порача денеска првиот човек на општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил. 

- Општина Аеродром, граѓаните, локалните институции, училиштата и детските градинки во изминатиот период покажаа високо ниво на емпатија, а преку хуманитарни настани, во неколку наврати дадовме поддршка за лекувањето на Леонид. Таа поддршка продолжува и во иднина. На моја иницијатива, во текот на следната недела ќе се организираат хуманитарни настани во училиштата и детските градинки, на кои дечињата и родителите ќе можат да дадат свој придонес и поддршка за лекувањето на Леонид, вели Муцунски и упати апел: 

Апелирам до сите граѓани да ја дадат својата поддршка со повик на еден од следните телефонски броеви или банкарската сметка:

Телеком: 143118

А1: 143500

Жиро сметка: 210-7000006805-91.