Дали знаете што е витамин К и зошто е корисен за вас?

Постојат два типа на витаминот К и тоа К1 кој доаѓа од растенијата и К2 кој може да се најде во ферментираната храна и продукти со животинско потекло. 

Витаминот К2 го има и природно во нашите црева, но потребите за витаминот К1 мора да ги задоволуваме преку внесување соодветна храна. 

Типично за витаминот К е што не можете да претерате со него, како што може да се случи со кој било од другите витамини. Исто така е еден од најтешките за синтетизирање, па ретко го има во форма на суплемент. Најдобро од сè е што во доволна количина го има во многу намирници кои се дел од секојдневната исхрана. 

Обрнете повеќе внимание на следниве намирници, за секогаш да бидете сигурни дека внесувате доволно витамин К:

Листест зеленчук

Во својата исхрана внесете што повеќе спанаќ, блитва и кељ. Јадете ги сварени и зачинети само со маслиново масло и малку сол и сецкан лук по желба. 

Коренести зеленчуци

Ротквиците, трупките и сите останати зеленчуци од овој тип покрај витамин К, имаат и фитонутриенти кои го намалуваат ризикот од канцерогени заболувања, анемија и висок притисок. Додајте ги во супа или свежи во салата.

Брокула 

Варената брокула е богата и со витамин К и витамин Ц, кои ќе го подобрат вашиот имунолошки систем и ќе му помогнат на телото да се ослободи од токсини. 

Сок од морков

Морковите се богати со бета каротен кој докажано помага во одржувањето на здравјето на очите. Една чаша сок од морков дневно ќе го забрза метаболизмот, ќе го подобри имунитетот и ќе го врати сјајот на вашата кожа. 

Масло од соја

Можете да го користите и за готвење и како дресинг за салата. Иако се работи за масло, тоа помага во намалување на лошиот холестерол. Богато е со омега-6 масни киселини, па затоа треба да балансирате и со омега-3, кои ги има во рибата и јатките.

Боранија

Боранијата е одличен извор на протеини и растителни влакна, а покрај витаминот К, има и антиоксиданси кои помагаат при висок холестерол и покачен шеќер во крвта. Можете да ја јадете варена во чорба или динстана во салати или како прилог на месо.