Дали сакате да волонтирате во Зоолошката градина во Скопје?

Волонтерскиот Центар Скопје нуди можност на заинтересираните лица да волонтираат во Зоолошката градина во Скопје.

- Да минувате по неколку часа за време на викендите во едно од омилените места на Скопјани и на нивните гости? Вашата задача ќе биде да ги едуцирате посетителите и со тоа да помогнете во создавање топла и пријатна атмосфера, каде најмладите ќе уживаат, а животните ќе го имаат потребниот мир.

Кој може да аплицира: Секој со наполнети 14 години и има добра волја

Како да се вклучите: Ако сте заинтересирани да се приклучите на ЗОО-заедницата, ве молиме пополнете го онлајн формуларот за апликација: https://forms.gle/bZmpjyKMe5oLzHTw9, информираат од Волонтерскиот Центар Скопје.

Крајниот рок за аплицирање е 15 јуни 2023 година.