„Зоолошката со Арсовска стана куќа на стравот, се колат и умираат животни“, обвини Кирков

Членот на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков вели дека Зоолошката градина станала куќа на стравот по доаѓањето на Данела Арсовска на чело на градот.

- Откако дојде Данела Арсовска на чело на Скопје, Зоолошката стана куќа на стравот, се колат и умираат животни, неспособноста нејзина со рачиштата во медот го уназади Скопје, вели Кирков.

Неговиот коментар следи откако вчера угинаа двата коња од исклучително редок и скап вид, а претходно и жирафата. 

Kирков праша каде се сега здруженијата за заштита на животните да повикаат на одговорност за случајот.