Црна хроника: Влегол со пиштол во маркет во Скопје

Од стан во Скопје украдени 20 илјади евра

На 29.07.2016 година во периодот од 11.15 до 12.45 часот во Скопје на ул.„Борка Талевски“, во стан сопственост на К.Е. (71), непознат сторител извршил тешка кражба, информираат од МВР.

Сторителот со подесен клуч ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 14.500 евра, женска чанта во која имало пари (евра и денари) во вкупна вредност од околу 7.000 евра и накит.

После тоа го напуштил местото и заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 Влегол со пиштол во маркет во Скопје

Во 23 часот и 10 минути во полиција непознато лице пријавило дека на улицата „Павле Илиќ“ во маркет, непознат сторител со закана со пиштол извршил разбојништво над вработените, при што ги одзел парите од дневниот промет, а потоа побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на крадецот.