Чорба од компири и праз

Чорбите се секогаш идеален избор за оние кои сакаат лесна и течна храна. 

Денеска по наш предлог, подгответе чорба со компири и праз.

Состојки:

2 компира
2 моркова
2 страка праз
Еден помал целер
Две чешниња лук
Магдонос
Коцка зеленчукова супа
Сол и бибер
Масло

Погдотовка:

Зеленчуците исечете ги на парчиња, па налејте вода за да ги покрие убаво (максимум 2 прста над содржината). Кога ќе омекнат убаво, ставете ја коцката супа, изблендирајте со рачен блендер. 

Ставете ги лукот и магдоносот и варете уште неколку минути. 

Кога ќе го тргнете од оган тенџерето, ставете маслиново масло и измешајте по желба една лажица кисела павлака.