Чоко-лешник торта

Обожавател сте на благо? Тогаш овој рецепт е за вас!

Потребни ви се следните состојки:

  • Подлога
  • 300 гр бисквити
  • 100 мл млеко
  • 100 гр еурокрем
  • Фил
  • 500 мл слатка павлака
  • 400 гр чоколадо
  • 100 гр еурокрем
  • 100 гр лешници

За подлогата измешајте ги сите состојки и натапкајте ја на плехче, а за филот најпрво растопете ги слатката павлака и чоколадото заедно во сад на средна температура. Веднаш штом ќе се растопи целосно чоколадото поделете го филот на 2 дела. Во едниот дел додадете го еурокремот и сецкани лешници и префрлете го овој дел врз подлогата. Оставете 10 мин во замрзнувач.Штом малку се стегне првиот дел веднаш додадете го делот само со слатката павлака и чоколадото.Оставете ја тортата минимум 4 часа во фрижидер, па послужете.