Четири часа делови од Центар ќе бидат без струја

ЕВН Македонија АД, известува дека ќе има прекин во снабдувањето со струја во период од четири часа од 9 до 13 часот во делови од Центар.

„Корисниците на дел од ул. Даме Груев во општина Центар (спроти Собрание кон Зелен пазар) и Силк роуд банка на ул. Даме Груев кај Собранието ќе немаат електрична енергија„ се вели во соопштението.