Делови од Центар и Студеничани денеска без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради санација на дефект на вшмукувачка цевка во хидрофорот во Студеничани, без вода ќе остане село Студеничани.

Корисниците ќе немаат вода во периодот од 6 до 9.30 часот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ исто така известуваат дека поради дефект во водоводна шахта на булеварот Свети Климент Охридски бр. 15,

Во периодот од 9 часот без вода ќе останат корисниците од булеварот Свети Климент Охридски.