Поради планиран прекин без струја дел од Центар

Регионалниот центар за управување со кризи известува дека поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат корисници од општина Центар.

Во период од 08,30 до 14,00 часот, улиците Антоние Грубишиќ, Коле Неделковски, Наум Наумовски Борче и Мирослав Крлежа во општина Центар ќе останат без струја.