Чаша вода наутро -  најдобар начин да го разбудиме телото 

Веднаш по будењето, напијте се една или две чаши вода. Потрудете се таа да има собна температура, бидејќи таа е и температурата на нашето тело веднаш по будењето. 

Photo by Joanna Kosinska on Unsplash

Ваквата навика го буди нашиот дигестивен систем и метаболизам, но и когнитивните функции, помагајќи ни подобро да се разбудиме наутро. Дополнително, тоа придонесува и за елиминирање на токсините и чистење на нашето тело.

Освен тоа, познатиот професор и нутриционист Кристофер Габриел препорачува да испиеме чаша вода пред и по појадокот. Тоа ни помага да го забрзаме варењето на храната и покрај популарното верување дека пиењето вода веднаш по јадењето не е добро за стомакот. 

Photo by engin akyurt on Unsplash

Ако ја внесете оваа утринска навика во вашиот распоред, ќе видите дека вашето тело брзо се буди, но и почнува да работи како машина која е подготвена да се соочи со секојдневните обврски. Доктор Габриел додава дека таа е одлична и за подобрено расположение, зголемена будност и повеќе енергија бидејќи нашето тело е веќе разработено и подготвено за денот. Според него, ваквиот начин на будење е многу едноставен да се примени, но и претставува одлична алтернатива за кафето по кое сите посегаме како прво нешто наутро. Тој вели дека кафето не ни ја овозможува хидратацијата која ни е потребна по долгиот сон во текот на ноќта и затоа водата треба да биде наш прв избор, па потоа слободно можеме да продолжиме со кафе, ако уживаме во тоа.

За пример, познатата Ариана Хафингтон (основач и директор на Хафингтон Пост и мотивациски говорник) утрото го почнува со чаша топла вода со лимон.