Централната манифестација Бадникови поворки 2024 ќе започне во 11 часот на Плоштад „Македонија“

- “Централната манифестација во Скопје ќе започне во 11 часот на Плоштад „Македонија“ и на едно место ќе ги собере коледарчињата од сите скопски општини кои ќе ја оформат најголемата бадникова поворка што од Камениот мост ќе чекори кон Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ на топол прием и пригодно дарување кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Се вели во објавата“, на “Бадникови поворки“

Во објавата се вели дека во рамките на манифестацијата, бесплатно ќе бидат поделени 2000 божиќни ѕвезди коишто дополнително ќе го украсат свечениот настан, а ја симболизираат Витлеемската ѕвезда што им го покажала патот на Мудреците кон местото на Раѓањето на Богомладенецот.

Планиран е и да има Божиќен концерт кој ќе биде генерална проба за божиќните каланди што се пеат на Бадник и Божиќ и традиционално ќе го предводи „Златно славејче“ во придружба на македонските поп-ѕвезди: Вера Милошевска, Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан (Некст Тајм) и Пере (Нокаут). Концертот ќе биде инклузивен и подеднакво ќе им овозможи и на глувите и наглуви лица да ја почувствуваат радоста на празнувањето.

Оваа година “Бадниковите поворки“ ќе се одржат по 14-ти пат и ќе опфатат 75 градови и села во нашата земја и 5 во дијаспората.