Борбата против стресот почнува од исхраната: Намирници кои треба да ги вклучите во вашите оброци

Кога сме нервозни, некогаш не знаеме што да направиме со себе.

Photo by Hermes Rivera on Unsplash

Иако постојат многу совети како да си помогнеме себеси да се избориме со стресот, треба да знаеме дека многу често, борбата против стресот почнува од она што го јадеме. Начинот на кој се храниме во голема мера влијае на тоа како се чувствуваме во текот на денот.

Доколку чувствувате стрес кој не можете да го контролирате, треба да се обидете да внесете неколку намирници во вашите оброци.

Чиа семе

Photo by Brenda Godinez on Unsplash

Ов сите намирници на листата, нутриционистите најчесто го препорачуваат чиа семето. Тоа е така бидејќи ова семе е богато со омега 3 масни киселини, како и цинк и триптофан, кои помагаат во намалување на вознемиреноста. Омега-3 масните киселини ја подобруваат функцијата на мозокот и го подобруваат расположемието, а цинкот го подобрува одговорот на нашиот мозок на стресот.

Боровинки

Photo by Yulia Khlebnikova on Unsplash

Боровинки се суперхрана која се препорачува во многу различни ситуации, а тие се исто така корисни и за намалување на стресот. Тоа се должи на големото количество антиоксиданти како и витамин Ц. Антиоксидантите помагаат во намалување на оксидативниот стрес, додека пак витаминот Ц е познат како ефикасно средство за намалување на лачењето кортизол во нашето тело, кој е познат како хормон на стресот.

Јајца

Photo by amirali mirhashemian on Unsplash

Јајцата се уште една состојка која треба да ја додадеме на листата. Тие исто така содржат триптофан, а едно истражување од 2015 година посочува дека жените на возраст од 45-65 години кои редовно во својата исхрана внесувале јајца во период од неколку години, подобро реагирале на негативните стимуланси. Нутрициностите посочуваат дека јајцата се богати и со витамин Д, кој исто така придонесува за намалување на стресот и подобрување на расположението.

Лосос

Photo by CA Creative on Unsplash

Лососот се наоѓа на листата поради високата концентрација на омега-3 масни киселини и според нутриционистите претставува најдобар природен извор на овие здрави масти. Според едно истражување спроведено во 2011 година од страна универзитетот Охајо, редовното земање 2.5-3 г од овие масти може да го намали стресот дури за 20%.

Јогурт

Photo by Pascal Meier on Unsplash

Одредени јогурти се моќни пробиотици кои значително придонесуваат за здравјето на цревата. Многу нутриционисти посочуваат дека кога нашиот дигестивен систем е загрозен, односно бавен, тоа нè прави уморни и нерасположени. Затоа, редовното консумирање на здрав јогурт е клучно не само за дигестивното здравје, туку и за нашето расположение.

Црно чоколадо

Photo by Tamas Pap on Unsplash

Црната чоколада содржи голем процент на магнезиум. Многу студии покажуваат дека ниското ниво на магнезиум е поврзано со поголем ризик на вознемиреност и стрес, како и други состојби поврзани со менталното здравје. Овој минерал игра важна улога во регулирање на хипоталамус-хипофиза-надбубрежната жлезда (НРА) која го контролира одговорот на телото на стрес.