Авионско прскање против комарци во Скопје

Денеска и утре во раните утрински часови ќе се реализира првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. 

Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не се добри, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

-Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се вели во соопштението од Град Скопје.