Арсовска почна постапка за враќање на споменикот на Ќосето пред судовите

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска почнала постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов – Ќосето пред судовите во Скопје, објави „Макфакс“.

Општина Центар добила барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на истата локација на која што беше претходно поставен.

Споменикот претходно беше отстранет по барање на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов затоа што станувало збор за дивоградба.