Арсовска: Град Скопје може и без приватни превозници

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска имаше вонредна прес-конференција на која зборуваше за аерозагадувањето во главниот град на Македонија, но даде коментар и за јавниот превоз.

Арсовска посочи дека бил објавен јавен повик на кој можеле да се пријават сите превозници, а притоа кажа дека градот може и без приватни превозници, додека наскоро се очекува процедура за набавка на нови автобуси.

- Беше објавен јавен повик на кој на сите им беше дадена можност да се пријават ако сакаат да ја работат чесно оваа работа. Доколку не се пријавиле, тоа кажува многу што се однесува до овој повик. Град Скопје може и без приватни превозници, го организираме јавниот превоз и правиме реформа, а наскоро ќе влеземе и во процедура за набавка на нови автобуси, нови еколошки автобуси и тоа е поддржано од Советот на Град Скопје, кажа Арсовска.