Апел за совесно одлагање на кабастиот отпад

 ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ги информира граѓаните дека својот кабаст отпад, во којшто спаѓа стариот мебел, електронските и електричните апарати, може да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот, без плаќање на паричен надоместок.

Доколку имаат потреба за користење на нашите специјални возила за транспорт, оваа услуга може да ја побараат на бесплатниот телефонски број 0800 222 33.

-Уште еднаш сакаме да ве потсетиме дека кабастиот отпад не смее да се одлага ниту на јавни површини, ниту во садовите за отпад. Секое исфрлање на отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува околината, велат од  ЈП „Комунална хигиена“.

Постапувајте совесно со отпадот и заштитете ја животната средина!