Изградбата на црквата посветена на загинатите кај Смилковското Езеро е во завршна фаза

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архепископија Господин Господин Стефан и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски ја посетија Црквата Св. “40 Маченици“ на Смилковското езеро.

- “Изминатиот период беа извршени активности за изработка на фреските и иконостасот на Црквата. Оваа Црква се гради на иницијатива на граѓаните, а во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток. Со изградбата на овој Божји дом никогаш нема да се заборави дека недолжни млади деца го загубија својот живот на тоа место“ напиша Стефковски.