ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со известување за работното време на јавните паркиралишта за државниот празник 11 Октомври

Од ЈП Градски паркинг известуваат дека утре, на државниот празник 11 Октомври, на дел од јавните паркиралишта во Скопје нема да се врши наплата.

- Ја известуваме јавноста дека утре, 11 октомври 2023 година, по повод Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 - 16:00 часот. Јавните паркиралишта пак, Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот, велат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кои дополнително на сите граѓани на земјава им го честитаа 11 Октомври - Денот на народното востание над фашизмот!