Андоновски: Арсовска итно да го разреши генералниот секретар Глигоров, кој се најде во скандал со семејно насилство за кој известуваат медиумите

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска итно да го разреши генералниот Секретар Зоран Глигоров поради написите во медиумите за извршено семејно насилство побара Стефан Андоновски, советник во Советот на Град Скопје.

Според Андоновски Глигоров насилството го извршил врз својата сопруга на 17-ти ноември оваа година при што била повикана и полиција. Дека ситуацијата воопшто не била наивна е фактот дека Глигоров поседува и огнено оружје при што полицијата морала да му стави лисици поради неговото агресивно однесување.

- Ова не е прв случај Глигоров да биде пријавуван за семејно насилство. Тој уште во 2007 е регистриран во МВР за нанесување тешка телесна повреда на сопругата при семејно насилство, а повторно е пријавуван и во 2017 година, кога, според написите на медиумите, полицијата кај него нашла огнено оружје ‘хеклер’. Глигоров, покрај пријавите за семејно насилство, беше дел од скандал за обид за физичка пресметка со вработен во Град Скопје. И во овој случај повикана беше да постапи полицијата. По сите овие афери, се поставува логичното прашање: дали Данела Арсовска го толерира својот најблизок соработник во овие активности, дали најблискиот соработник на Данела Арсовска е семеен насилник и дали Арсовска, знаејќи за ова, сѐ уште го држи за тој да раководи со Град Скопје? Дали вака се реализира борбата за учество и права на жените? рече Андоновски.