Во понеделник и првачињата од Бутел ќе започнат со учебната година.
Градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски во понеделник, 4 септември, ќе ги поздрави првачињата во ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани во 10 часот.
На стартот на новата учебна 2017/2018 година, во сите седум основни училишта во прво одделение се запишани вкупно 550 ученици.
Само во ОУ „Ацо Шопов“ се запишани 120 првооделенци.