50 нови ковид случаи за едно деноноќие

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 523 тестови, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 38, Битола – 5, Прилеп – 3, Неготино – 2, Охрид и Штип – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (50), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Куманово – 4, Битола и Прилеп – по 2, Тетово и Велес – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Направени се 523 тестови: ИЈЗ-47, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-14, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија-35, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-4, Биотек-12, Систина-0, лабораторија Лаор-3, Синлаб-0, Ремедика-6, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-8, ВФВ Медикал-0, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 276.

Досега во земјата се направени вкупно 2.179.652 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.850, бројот на оздравени пациенти е 334.007, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 284.