4 придобивки од кафето кои можеби не ги знаете

Сите знаеме дека кафето ни помага да останеме будни, но тоа носи и дополнителни придобивки за нашето здравје.

Photo by Nathan Dumlao on Unsplash

Анти-воспалителни својства

Кафето му помага на телото да се избори со инфекциите, но и да се опорави од одредени состојби. Тоа се должи на антиоксидантите, како што е хлорогената киселина. Треба да знаеме дека воспаленијата во нашето тело, како и недостатокот на антиоксиданти предизвикува рано стареење, ја намалува енергијата, па така кафето е одличен додаток за намалување на воспаленијата.

Намален ризик од кардиоваскуларни заболувања

Истражувањата спроведени од болницата Афред и Бејкер Харт институтот во Мелбурн вклучите 382.535 испитаници без срцеви заболувања, а половина од нив биле на просечна возраст од 57 години. Тие откриле дека 2 шолји кафе во текот на денот придонесуваат за 10-15% намален ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Photo by Matt Hoffman on Unsplash

Подобро функционирање на црниот дроб

Ретко е да се најде пијалок кој одлично функционира ЗА црниот дроб, наместо против него. Според некои нутриционисти, кафето се смета за „горчлива храна“ што му помага на црниот дроб да функционира подобро. Според извештајот на Британски труст за црниот дроб, во кој се опфатени 1000 студии, редовното пиење кафе може да придонесе за намалување на ризикот од рак на црниот дроб, фиброза и цироза.

Помош при намалувањето на телесната тежина

Според истражувањето спроведено од Универзитетот во Њујорк, кафето содржи состојки кои помагаат во намалување на апетитот, што значи дека полесно можеме да се движиме од еден оброк кон друг без да бидеме гладни и да јадеме ужинка, односно храна која често не само што не е здрава, туку е калориски богата. Во оваа студија било докажано дека најголем ефект има безкофеинското кафе. Освен тоа, кафето е корисно во процесот на намалување на килограмите бидејќи нè одржува будни и свесни, но и ги подобрува нашите перформанси за време на вежбањето.

Како заклучок, треба да знаеме дека експертите препорачуваат максимум четири шолји кафе дневно, со оглед на препорачаната дневна доза од 400 мг кофеин. Но, дури и да можете да издржите толку многу кофеин и кафе, нутриционистите често се сложуваат дека две шолји кафе се доволни, и тоа по појадокот и по 14:00 часот, дел од денот кога нашата енергија опаѓа.