3 намирници со кои ќе се ослободите од вишокот течности

Ако имате вишок течности во организмот, постојат три намирници кои ќе ви помогнат да го исчистите телото.

Photo by Markus Winkler on Unsplash

Храната која е  природен диуретик може да ви помогне да се ослободите од вишокот вода од вашето тело. Кога се собира течност во телото, се чувствувате подуени, нозете ви се отечени, тешко слабеете, ретко одите во тоалет. Покрај тоа што го поттикнуваат елиминацијата на вишокот вода, диуретиците ја намалуваат и хипертензијата со отстранување на натриумот од телото и ослободување на телото од штетните токсини преку урината.

Краставица

Краставиците имаат висока содржина на вода и содржат киселина која помага да се ослободиме од задржаната вода од нашето тело. Исто така, тие содржат одредени хранливи материи кои помагаат да се исфрлат токсините од бубрезите, тие се нискокалорични, што ги прави добар избор за оние кои сакаат да ја намалат тежината.

Целер 

Тој ја содржи супстанцата кумарин, која помага во спречување на високиот крвен притисок, како и за чистење на организмот со исфрлање на сета непотребна вода од телото. Го олеснува варењето и ја ублажува надуеноста.

Цимет

Намирница која го држи апетитот под контрола. Одличен зачин е за зајакнување на имунитетот и чистење на организмот, а богат е со минерали, витамини и растителни влакна. Тој игра голема улога во процесот на детоксикација. Кога ќе додадете малку цимет во чаша топла вода, тоа може да ви помогне да изгубите тежина и исто така да ги исфрлите непотребните течности од вашето тело.