Од Институтот за јавно здравје инфомрираат дека минатата недела тестирани се вкупно 2.659 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 15,1% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 104 нови позитивни случаи од 19 градови во државата, за 20,6% помалку во однос на минатата недела.
Процентот на позитивност се движи од 1,5% до 5,4%, просечно 3,4%.
Во текот на последната недела (23-29.01.2023), пријавени се 3 починати лица од Скопје, Ресен и Куманово (58-89 г.) со коморбидитети и починати во болнички услови.